Револуционерна процедура: Во Велика Британија е родено првото бебе со ДНК од тројца родители

бебе
Фото: Pexels / Antoni Shkraba

Во Велика Британија е родено првото бебе создадено со помош на ДНК од тројца родители, откако лекарите спроведоа револуционерна процедура за ин витро оплодување, чија цел е да се спречи наследување неизлечива болест кај бебето.

Во оваа техника, позната како терапија со митохондријална донација, се користи ткиво од јајце-клетки на здрави женски донатори за да се создаде ембрион без опасни мутации, кои мајките би можеле да им ги пренесат на своите деца, пишува „Гардијан“.

Бидејќи во ембрионот се комбинира спермата и јајце-клетката на биолошките родители со митохондриите од донаторската јајце-клетка, добиеното бебе има ДНК на мајката и таткото, плус мала количина генетски материјал (околу 37 гени) од третото лице.

Сите митохондрии ги наследуваме од нашата мајка

Истражувањето за терапијата со митохондријална донација во Велика Британија започнало од страна на лекарите во Центарот за плодност во Њукасл. Научниците имале цел да им помогнат на жените со мутирани митохондрии да имаат деца кои нема да ги наследат генетските мутации.

Имајќи предвид дека сите наши митохондрии ги наследуваме од нашата мајка, штетните мутации можат да влијаат на здравјето на децата. Некои бебиња можат да се родат здрави бидејќи наследиле само мал дел од мутираните митохондрии, но други може да наследат многу повеќе од овие мутации и да развијат тешки, прогресивни и често фатални болести.

Фото: Pexels/Amina Filkins

Техниката се состои од неколку чекори

Оваа техника, развиена од експертите од Њукасл, се состои од неколку чекори. Прво, спермата од таткото се користи за да се оплодат јајце-клетките од мајката и здравата донаторка. Основниот генетски материјал потоа се отстранува од јајце-клетката на донаторката и се заменува со оној од оплодената јајце-клетка на парот. Добиената јајце-клетка има целосен сет хромозоми од двајцата родители, но и здрави митохондрии од донаторката. Потоа се всадува во матката.

Сепак, Велика Британија не е првата земја во светот каде е родено бебе со помош на оваа процедура. Во 2016 година, американските лекари го родиле првото дете зачнато со помош на терапија со митохондријална донација. Станувало збор за жена од Јордан со митохондријални мутации кои предизвикуваат фатална болест. Пред третманот, спроведен во Мексико, жената имала четири спонтани абортуси и две деца. Едното ѝ починало на шестгодишна возраст, а другото живеело само осум месеци.

Фото: Andriy Bezuglov / Alamy / Alamy / Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот