Решен спор меѓу Данска и Канада стар половина век

Канада, Данска, Гренланд спор околу островот Ханс/ Фото Canadian Press / Shutterstock Editorial / Profimedia

Властите во Данска и Канада постигнаа начелен договор за ставање крај на речиси половина век стар спор околу ненаселениот арктички остров Ханс.

Британскиот весник Хералд пишува дека Данска и Канада постигнале договор за поделба на тој остров, каде нема минерални резерви.

Границата ќе се повлече преку островот Ханс од 2,6 квадратни километри, остров на воден пат помеѓу северозападниот брег на полуавтономната данска територија Гренланд и канадскиот остров Елесмер.

„Ова испраќа јасен сигнал дека е можно да се решат граничните спорови… на прагматичен и мирен начин, каде што сите страни стануваат победници”, рече данскиот министер за надворешни работи Јепе Кофод.

Канада и Данска се договорија во 1973 година да создадат граница преку теснецот Нарес, на половина пат помеѓу Гренланд и Канада, но не можеа да се договорат која држава ќе има суверенитет над островот Ханс, речиси 1.100 километри јужно од Северниот пол.

Данскиот министер на Гренланд го подигна данското знаме на островот во 1984 година, закопа шише данска ракија и остави порака на која пишуваше: „Добредојдовте на данскиот остров”.

Канаѓаните потоа го истакнале своето знаме и оставиле шише канадско бренди.

Оттогаш, двете земји наизменично креваат знамиња и оставаат шишиња со различни алкохолни пијалоци на островот, кој наскоро и формално ќе биде поделен. Тоа ќе биде првата копнена граница меѓу двете земји.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот