Репрезентативецот на Косово, Муриќи: Ова е чудно, на аеродромот во Приштина нè проверува израелска полиција

Косовскиот фудбалски репрезентативец Ведат Муриќи/фото: EPA-EFE/VASSIL DONEV

Денеска од 20.45 часот на стадионот „Фадиљ Вокри“ во Приштина во рамките од квалификациите за ЕП 2024 ќе играат фудбалските репрезентации на Косово и Израел.

Во пресрет на овој меч, репрезентативецот на Косово, Ведат Муриќи го критикуваше однесувањето на израелската полицијата.

Фудбалерот кој моментно игра за Мајорка, после доаѓањето на аеродромот во Приштина беше непријатно изненаден.

– Нè проверува израелската полиција на аеродромот во Приштина. Ова е чудно, вакво нешто никогаш не се случило. Немаше ништо од ова кога доаѓаа Романија и Црна Гора. Ова не е војна, ова е фудбал – вели Муриќи.

Потоа, се огласи и Фудбалската федерација на Косово која појаснува дека коментарот на Ведат Муриќи за безбедноста на аеродромот бил погрешно разбран. Муриќи се осврна на контролниот инцидент во март, поврзувајќи го со обезбедувањето на претстојниот натпревар. Фудбалската федерација на Косово ја цени соработката на косовската полиција и другите државни органи за натпреварот против Израел.

Силно полициско обезбедување ги чува фудбалерите на Израел во Приштина

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот