РЕМЕК ДЕЛО: Го состави ликот на Коби од „рубикови коцки“! (ВИДЕО)

принтскрин/твитер

Леброн Џејмс, соопшти дека неговиот тим на НБА „Ол-стар” мечот (14-16 февруари) ќе игра во дрес со број „2″ во чест на ќерката на Коби, Џиана.

Фанови на Коби Брајант ширум светот, меѓу кои се и голем број на уметници, му оддаваат почест на трагично загинатиот НБА кошаркар со свои уметнички дела.

Помеѓу нов се најде и магионичарот Стивен Брунџ кој успеа да го состави ликот на Коби од рубикови коцки. Ова дефинитивно не е ни малку лесно да се направи, ги одушеви љубителите на кошарката, но и на уметноста.

На видео записот можете да го погледнете ова ремек дело:

Можеме да додадеме уште дека играчот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс, соопшти дека неговиот тим на НБА „Ол-стар” мечот (14-16 февруари) ќе игра во дрес со број „2″ во чест на ќерката на Коби, Џиана Брајант.

– Јас го избрав бројот „2″ наместо „24″. Зошто? Поради почит кон ќерката на Коби, Џиана која носеше „2″ – рече Џејмс.

Во спомен на легендата на Лејкерс, НБА лигата реши дека една од екипите на Ол-старот во Чикаго на 16 февруари ќе игра во дресови со број „24“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот