Рекордна премија: Словенец освои 60 милиони евра на европска лотарија

Фото: Pexels / Waldemar

На европската лотарија „Еуроџекпот“ двајца среќни добитници од Словенија и Германија освоија по 60 милиони евра откако ја погодија добитна комбинација од седум броеви.

Ова е најголемата добивка на лотарија во историјата на Словенија, а од 60-те милиони евра, непознатиот среќен добитник ќе добие 51 милион, додека девет милиони евра ќе бидат исплатени за даноци на општината во која живее, пренесува словенечкиот портал „24УР“.

„Нечиј сон се оствари во Словенија. Џекпотот од 60 милиони евра е уплатен на ‘лотерија.си’“, објавиле на веб-страната на лотаријата.

Добитната комбинација на броеви беше 2, 3, 6, 15, 35, со дополнителни броеви 1 и 3.

Досега рекордот во Словенија беше во рацете на еден среќник од Жалец, кој во 2014 година доби џекпот вреден 28,2 милиони евра. Откако ќе се одземе данокот среќникот завршил со 24 милиони.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот