Рекорден пад на невработеноста во САД во јуни, Трамп задоволен: Тоа е доказ дека економијата се опоравува

„Денешната објава е доказ дека нашата економија се враќа“, рече Трамп набројувајќи разни сектори во кои, според извештајот повторно се отвориле работни места. “Тоа се историски бројки“.

САД во јуни продолжија со отворањето на економијата па стапката на невработеност падна на 11,1 отсто, објави министерството за труд.

Економистите според анкетите очекувале стапка на невработеност од 12,4 проценти.

„Овие бројки само потврдуваат дека почетното економско опоравување е далеку побрзо отколку што очекувавме. Но бројот на вработени и натаму е помал од бројките во февруари, а со оглед на ширењето на коронавирусот, став ни е дека опоравувањето ќе биде потешко и значително поспоро“, рече американскиот економист Мијкл Пиеар за Си Ен Би Си.

Според дадените податоци  на тамошно министерство за труд, минатиот јуни за САД беше рекорден со оглед на порастот на бројот на работни места.

Падна цената на просечната дневница

Просечното неделно работно време во јуни е намалено на 34,5 часа, а просечната дневница падна на 29,37 долари.

Имено, падна за 1,2 отсто во однос на мај, бидејќи оние кои имале пониски плати се вратиле на своите работни места, но таа и натаму за 5 отсто повисока во однос на истото време во претходната година.

Инаку, стапката на невработеност во САД во мај оваа година изнесуваше 13,3 отсто.

Овие бројки се однесуваат на сите 50 сојузни држави кои и покрај коронавирусот повторно покренаа деловни активности, посебно оние кои се однесуваат на услугите.

Трамп прославува: Тоа се историски бројки

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска на конференција за медиумите го славеше владниот извештај кој покажува дека земјата вратила 4,8 милиони работни места, а невработеноста паднала на 11,1 отсто кога државите овозможија повторно отворање на компаниите по строгите епидемиолошки мерки.

„Денешната објава е доказ дека нашата економија се враќа“, рече Трамп набројувајќи разни сектори во кои, според извештајот повторно се отвориле работни места. “Тоа се историски бројки“.

Коронавирусот продолжува да се шири во САД

Трамп слави и покрај тоа што коронавирусот повторно се шири низ американските држави со голема економија како Калифорнија, Тексас и Флорида и ги принудува локалните власти повторно да ги затвораат баровите и другите дејности каде се смета дека вирусот лесно се шири. Исто така, денешниот извештај вели дека по последната недела на јуни 1,43 милиони Американци се пријавиле за помош за невработени.

И покрај големиот број новозаразени, Трамп рече дека идните месеци очекува добри бројки во вработувањето и дека и извештајот за БДП во третиот квартал, кој ќе дојде пред изборите во ноември, ќе биде добар.

Денешниот извештај, вели Трамп, „сугерира дека работниците се уверени дека ќе најдат нова работа“. Додаде и дека Белата куќа и конгресот продолжуваат да преговараат за новиот пакет на поддршка, често нарекува „Фаза 4“, за економијата да може да ја преброди пандемијата која влезе во четвртиот месец.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот