Реграги: Мароко е Роки Балбоа на овој Мундијал, ние сме тим кој сите го сакаат

Мароканскиот селектор Валид Реграги со играчите ја слави победата во четвртфиналето над Португалија/фото: EPA-EFE/Georgi Licovski

Мароко испиша фудбалска историја со тоа што стана првата африканска репрезентација која се пласираше во полуфиналето на Светското првенство во Катар победувајќи ја Португалија со 1:0 во Катар.

Пред тоа ја елиминираа Шпанија на пенали, а клучно за првото место во групата „Ф“ беше победата над Белгија со 2:0. Мароканците во пет натпревари на СП 2022 примија само еден гол.

– Ние сме Роки Балбоа на овој Мундијал – изјави мароканскиот селектор Валид Реграги, кој ја презеде клупата на репрезентацијата од Вахид Халилхоџиќ, кој ја донесе во Катар, на неполни три месеци пред почетокот на Мундијалот.

Неговата аналогија не е совршена затоа што Мароканците во Катар, за разлика од познатиот филмски боксер, никогаш не морале да се вратат „од мртвите“, но тоа не беше замислено.

ФОТО+ВИДЕО | Еуфорија: Илјадници навивачи го слават историското полуфинале на Мароко

– Ние сме тимот кој сите го сакаат на овој Мундијал затоа што му покажуваме на светот дека можете да успеете дури и ако немате толку талент и пари – вели Реграги.

– Ова не е чудо. Многумина, особено во Европа, ќе кажат да, но ние ги победивме Белгија, Шпанија и Португалија без примен гол. Ја направивме нашата нација и целиот континент горди, а кога луѓето ширум светот ќе го видат Роки, сакам да навивам за него.

Реграги ја истакна важноста на историскиот аспект на успехот на Мароко.

– За идните генерации е важно што покажавме дека африканската репрезентација може да влезе во полуфиналето на Светското првенство, па дури и во финалето, зошто да не? На почетокот на првенството ме прашаа дали можеме да го освоиме турнирот. Реков: Зошто да не? Можеме да сонуваме, зошто да не? Нема да стигнете никаде без соништа, а тие не чинат ништо – се зборовите на Реграги.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот