Регистрирани 134 нови случаи на Ковид-19, тројца пациенти починаа

Луѓе и лекари пред инфективна амбуланта на клиника - корона пандемија / Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Во изминатите 24 часа се регистрирани 134 нови случаи на Ковид-19 од направени 912 тестови. Истовремено регистрирани се 144 оздравени пациенти, но и едно починато лице.

-Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 912 тестови, а регистрирани се 134 нови случаи на КОВИД-19. Од нив во Скопје – 63, во Битола – 13, во Крива Паланка – 7, во Кавадарци – 6, Ресен и Крушево – по 5, во Прилеп и Гостивар – по 4, во Куманово, Струга, Берово и Кратово – по 3, во Велес, Штип, Кочани и Гевгелија – по 2, во Тетово, Охрид, Струмица, Кичево, Неготино, Делчево и Македонски Брод – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (134), регистрирани се 33 реинфекции.

Регистрирани сe 144 оздравени пациенти од: Скопје – 81, Битола – 8, Штип – 7, Прилеп и Куманово – по 6, Велес и Кочани – по 5, Гостивар и Струмица – по 4, Крива Паланка, Кавадарци, Неготино и Радовиш – по 3, Ресен, Гевгелија, Тетово, Охрид, Кичево и Македонски Брод – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа пријавено е едно починато лице, од Куманово (65г). Лицето е починато во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, регистрирани се две починати лица, од Струмица (74г) и Виница (76г). Едно лице е починато во болнички и едно лице во домашни услови. Лицата за починати се пријавени во период од 29.08. – 31.08.2022
Направени се 912 тестови: ИЈЗ-107, ЦЈЗ Скопје-60, ЦЈЗ Битола-26, ЦЈЗ Прилеп-7, ЦЈЗ Тетово-9, ЦЈЗ Куманово-14, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-4, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–2, Институт за микробиологија–42, Жан Митрев (Филип Втори)-7, Авицена-21, Биотек-90, Систина-29, лабораторија Лаор-0, Синлаб-10, Ремедика-5, Плодност-5, Генеа-0, Никоб Лаб-17, ВФВ Медикал-8, Ели Медика Плус-6, Ројал Медика–0, Спектра-ММ-2, Рапид Лаб–1, Жан Митрев Струмица–3, Нова Лаб Дијагностика–4, Рамус-3, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 430.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот