Реџепи за „Слободен печат“: Ако Левица остане во новото мнозинство ќе ја убедувам Алтернатива да се повлече

Скендер Реџепи од Алетрнатива/ Фото: МИА

Пратеникот на Алернатива Скендер Реџепи во изјава за „Слободен печат” вели дека вечер ќе се обиде да ги разубеди пратениците од неговата партија да не гласаат да падне Владата, доколку Левица остане во новото мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ.

Вечерва на состанок со потесното раководство на партијата ќе се обидам да ги убедам сите пратеници на Алтернатива да не бидеме дел од новото мнозинство ако Левица остане – ни изјави Реџепи.

Претодно Реџепи изјави дека не дозволува неговиот потпис да остане со „оној што го валка албанскиот јазик и идентитет“, мислејќи на Левица.

Скендер Реџепи останува во антивладиниот фронт, но е против Левица

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот