Редок феномен: На ГАК се роди четворка

Unsplash
Бебе/ Фото: МИА

На Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство – Скопје во неделата се роди четворка. Брачниот пар Благица и Александар Зикови од Штип станаа родители на три момчиња и едно девојче.

Како што дознава „Слободен печат“  бебињата се предвремено родени, во 31 гестациска недела, и се во инкубатор. Мајката Благица била породена од страна на докторката Елена Николовска која ја водела целата бременост.

Оваа четворка е втора по 27 години во Штип. Првата родена четворка била во 1997 година.

За време на продолжениот викенд на Клиника за Гинекологија и Акушерство – Скопје се родени 50 бебиња.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот