Редок феномен ги шокираше лекарите во Лондон: Кај 29-годишен Албанец срцето е на спротивната страна

лекари
Лекари, Фото: Илустрација/Архива

Пациент Албанец бил префрлен во болница во Лондон со повеќе здравствени тегоби, а при прегледот е откриено дека неговото срце е на десната страна, а и другите органи на спротивната страна. Случајот го открил познатиот албански кардиохирург Кристо Папа, кој работи во Лондон. Според него, на пациентот кој има 29 години му биле констатирани дестрокардија и инверзии на абдоминалните органи од лево, пишува „Ора њуз“.

Според лекарот, во целиот свет може да има само 5 случаи на луѓе кои имаат ваков вид на телесни абнормалности. Докторот изјави дека чекор по чекор ќе го следи случајот со младиот човек кој е своевиден феномен за лекарите и потребна е голема внимателност и умешност при здравствените третмани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот