Рецепт за запечени печурки со кашкавал: Сочно јадење кое ќе ви ја згрее душата

Фото: kostyantyn manzhura / Alamy / Alamy / Profimedia

Доколку ви се допаѓа вкусот на печените шампињони, ви предлагаме да подготвите рецепт за овие вкусни полнети печурки со специфичен вкус.

Комбинацијата од печурки, кашкавал и кисела павлака е толку неодолива што овој специјалитет ќе се наоѓа во вашето мени сè почесто.

Изгледаат раскошно и мирисаат примамливо, а вкусот е нереален.

Фото: Jörg Beuge / Alamy / Alamy / Profimedia

Состојки:

– 200 грама кашкавал

– 400 грама печурки

– 3 јајца

– 3 лажици кисела павлака

– 50 грама маргарин

– 1 дл млеко

– 1 лажичка мелена црвена пиперка

– сол

– бибер

Фото: Olga Kriger / Alamy / Alamy / Profimedia

Подготовка:

Рерната загрејте ја рерната на 200 степени. Измијте ги шампињоните и исечете ги на ленти. Ставете ги печурките во огноотпорен сад подмачкан со маргарин.

Во посебен сад изматете ги јајцата со млекото и киселата павлака, додајте сол, бибер и мелена пиперка. Со смесата прелијте ги печурките.

Печете на околу 20 минути во рерна загреана на 200 степени. Извадете и одозгора наредете ленти кашкавал. Вратете во рерна и печете додека не се растопи кашкавалот. Послужете топло со прилог по ваш избор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот