Рецепт за салата со шарени макарони, состојките веќе ги имате дома

Фото: PickPik

Макароните се добредојдена состојка во многу од нашите оброци, а салатата од макарони, многу богата со придружни елементи, ќе ви го олесни изборот за подготовка на ручек.
Рецептот за салата од макарони е многу едноставен, а количината на состојките можете слободно да ја менувате во зависност од тоа колку ги фаворизирате тие состојки во исхраната. Исто така, зголемете ги сите наведени состојки доколку салатата ја подготвувате за повеќе луѓе.

Состојки:

– 250 грама шарени макарони
– 4 лажици павлака
– 2 лажици мајонез
– 100 грама шунка
– 100 грама маринирани печурки
– 3 кисели краставички
– 1 варено јајце
– рендан кашкавал по потреба
– маслинки
– сол, бибер

Подготовка:

Сварете ги макароните и исцедете ги, па преместете ги во поголем сад, каде што потоа полесно ќе ги измешате сите состојки.

Исцедете ги маринираните печурки, исечкајте ги краставиците и шунката, како и вареното јајце.

Додајте го ренданиот кашкавал и маслинки, па сè заедно соединете.

Дозирајте ги павлаката и мајонезот што ги додавате како основни состојки за врзување.

Пробајте ја салатата, па зачинете ја доколку е потребно.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот