Рецепт за рафаело топчиња од само три состојки, уживајте во нив без грижа на совест

Фото: Pixabay

Кокосови или како што многу луѓе сакаат да ги нарекуваат – рафаело топчиња, многу често се наоѓаат на трпезата со многу други суви колачиња.

Покрај тоа што е едноставна, оваа верзија не бара дополнителни засладувачи, па задоволството е уште поголемо, бидејќи нема да чувствувате грижа на совест поради консумирањето рафиниран шеќер.

Состојки:

– околу 250 грама кокосово брашно
– една конзерва кондензирано млеко
– околу 50 грама бадеми

Подготовка:

Во сад измешајте ги кокосовото брашно и кондензираното млеко и оставете неколку минути да се соединат состојките. Количината на смесата за едно топче одвојувајте ја со лажица, а во средината ставете бадем.

Ако не сакате да јадете сирови бадеми со лушпа, можете да ги бланширате. Постапката е едноставна. Ставете ги бадемите во тенџере и прелијте ги со вода. За тоа време, вклучете ја рерната на 100 степени за да се загрее. Кога водата ќе зоврие, измешајте ги бадемите и исклучете ја ринглата.

Процедете ја водата и измијте ги бадемите под млаз ладна вода. Потоа, секој бадем истиснете го од неговата лушпа. Кога ќе ги истиснете сите бадеми, распоредете ги во тепсија во која сте ставиле хартија за печење и сушете ги во рерна загреана на 100 степени околу 15 минути. Кога ќе бидат готови, оставете ги да се изладат и потоа искористете ги за рецептот. ж

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот