Рецепт за пица во тава: Тортилја наместо тесто од брашно

Фото: Pxhere

Сигурни сме дека сите сакате пица и дека нема ништо повкусно од топла пица со крцкаво тесто и со кашкавал што се развлекува. Тоа е причината поради која многу луѓе сакаат да прават пица дома, затоа што сакаат да ја почувствуваат свежината и да ги стават состојките на пицата што тие ги сакаат. Меѓутоа, традиционалната подготовка на пица бара да го замесите тестото и да ја испечете пицата во рерна, што понекогаш може да одзема многу време.

Но, постои начин како да направите пица во тава и тоа за само 20 минути.

Состојки:

– маслинки (црни и зелени по желба)
– оригано
– тортилја
– 2 јајца
– сол
– кашкавал/сирење гауда или моцарела
– шунка или кулен
– рукола по желба

Подготовка:

Пропржете ги доматите и маслинките исечени на кругови, па посипете ги со оригано. Изматете две јајца, па додајте ги да ја покријат површината на тавата и по 30 секунди одозгора ставете ја тортилјата.

Почекајте јајцето убаво да се залепи за тортилјата, па превртете го.

Одозгора ставете сирење и сувомесен производ по желба, па покријте ја тавата и оставете на тивок оган најмногу една минута. Тргнете од оган. Ако сакате рукола, можете да ја додајте, а можете да додајте и кечап и уште сирење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот