Рецепт за омиленото слатко во поранешна Југославија: Со само четири состојки, со неодолив вкус

Фото: PickPik

На трпезите на домаќинките во Југославија често се наоѓале слатки макарони кои наместо колачи им ги приготвувале на своите деца и внуци.

Слатките макарони пропржени на шеќер и презла имаат необичен, но неодолив вкус.

Состојки:

– 250 грама тестенини
– 50 грама презла
– 50 грама шеќер
– 1 ванилин шеќер
– масло

Подготовка:

Сварете ги макароните и оставете ги покриени со вода додека го подготвувате слаткиот фил.

На тивок оган пропржете ја презлата, да добие убава златна боја, а потоа додајте го и шеќерот.

Измешајте, одвојте две лажици од смесата настрана, исцедете ја водата од макароните, па додајте ги во презлата и шеќерот.

Пржете уште една минута или две, па тргнете ја од оган.

По желба можете да додадете малку цимет, ореви, суво грозје итн.

Приготвените макарони ставете ги во сад или чинии и посипете ги со смесата од трошките и шеќерот што претходно сте ги одвоиле.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот