Рецепт за куглоф од костени, украс на секоја празнична трпеза

Фото: Skyler Ewing / Pexels / Olia Danilevich / Pexels

Не случајно природата ни нуди костени непосредно пред зимата, богати со хранливи материи и активни состојки што зајакнуваат и му помагаат на телото да го преброди преминот кон постудено време.

Заедно со неизбежното есенско задоволство од печени костени и варено вино, пробајте костени во имагинативни слатки инспирации и развеселете ги вашите најблиски.

Куглофот некогаш претставуваше неизбежен дел од трпезата, додека денес главно служи како десерт. Ако планирате да биде дел од вашата трпеза во текот на претстојните празници, нашата препорака е да го пробате куглофот од костени.
Парче од ова ароматично совршенство ќе ви го подобри денот на најдобар начин. И навистина, не знаеме подобра идеја од шолја топол чај и миризлив куглоф со пире од костени.

Состојки:

– 125 г путер
– 150 г шеќер
– 3 јајца
– 300 г пченично брашно
– 50 г мелени бадеми
– 200 мл млеко
– 150 мл слатка павлака
– 250 г пире од костени
– 1 ќесичка ванилин шеќер
– 1 ќесичка прашок за печиво
– 1 мала лажичка цимет
– 50 г црно чоколадо

Подготовка:

Измешајте ги пирето од костени, слатката павлака и млекото. Пенесто изматете го путерот со шеќерот, додавајте ги јајцата едно по едно, а потоа во смесата рачно додавајте го брашното, ванилиниот шеќер, прашокот за печиво, циметот, мелените бадеми и пирето од костени со млеко и павлака. Добро измешајте ги состојките и разлејте ги во калапче коешто претходно сте го премачкале со путер и сте го наросиле со презла или брашно. Во куглофот додајте исечкано црно чоколадо, промешајте со лажица и ставете го кугловот да се пече.

Печете околу 50 минути, во рерна загреана на 180 степени Целзиусови. Испечениот куглов најпрво почекајте добро да се излади, а потоа може да го декорирате по желба, на пример, со шеќер во прав, какао или, пак, растопено чоколадо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот