Рецепт за кремасто ризото со печурки, превкусен ручек готов за час

Фото: Профимедиа

Шампињоните се најпопуларниот вид на печурки, со заводлив, благ вкус кој одлично оди со речиси секоја храна. Можеме да ги јадеме со месо или наместо месо, да правиме сосови, чорби, супи, да подготвиме пита или да ги ставиме на пица – и секоја улога совршено ќе им одговара.

Освен што им даваат текстура на јадењата и го подобруваат нивниот вкус, шампињоните, како и другите видови печурки за јадење, ги збогатуваат јадењата со своите хранливи состојки.

Еден од омилените рецепти е ризото со печурки ризото.

Состојки:

– 1 килограм ориз

– 2,5 литри вода

– 500 грама шампињони

– 100 милилитри бело вино

– 1 главица кромид

– сол

– црн бибер

– 2 лажици путер

Подготовка:

Потребното количество на ориз, исчистете го и убаво измијте го.

Во подлабоко тенџере ставете ја водата да зоврие.

Во тава на оган, ставете малку масло, а потоа додајте го исчистениот ориз. Пржете неколку минути, а потоа, малку по малку, во оризот додавајте од водата. Варете додека оризот не омекне. Кога оризот ќе биде сварен, тргнете ја тавата од оган и почнете со подготовката на печурките.

Во друга тава на оган, додајте го путерот и почекајте кратко да се растопи. Потоа, во него додајте ги сечканите печурки и исечканиот кромид. Пржете ги состојките се додека не испари водата од печурките. Потоа, во садот додајте ги виното и зачините. Оставете ги состојките да се варат неколку минути во виното.

На крај, смесата со печурките, додајте ја во претходно сварениот ориз. Измешајте ги сите состојки и послужете.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот