Рецепт за кремаста супа од сирење и мелено месо, ќе ве стопли во ладните денови

Фото: Gratis Graphics Pixexid

Идеална за ладни и мрачни денови, ќе ве загрее и засити како ништо друго. И најдобро од сè, има само девет грама јаглехидрати по порција.

Состојки (за 4 порции):

– 800 мл супа од зеленчук
– 500 г мелено месо
– 225 г крем сирење
– 200 грама павлака (или по вкус)
– ½ кромид
– 1 праз
– 1 прстофат морско оревче
– сол и црн пипер
– малку путер или масло

Подготовка:

Кромдиот излупете го и ситно исечкајте. Празот исечете го на тенки ленти и оставете ги настрана.

Во поголемо тенџере, на малку путер или масло пржете го меленото месо масло 6-8 минути додека повеќе не е розово.

Во меленото месо додадете го кромидот и празот и динстајте уште 5 минути. Во тенџерето додадете ја супата од зеленчук и оставете сè да се динста околу 10 минути.

Измешајте ги сирењето, павлаката и зачините. Потоа уште еднаш кратко сварете ја супата и послужете ја топла.

Одвојте доволно време за да го испржите меленото месо додека не стане ронливо. Само тогаш може навистина да го развие својот вкус и подоцна да го пренесете во супата.

Колку е поголемо тенџерето или тавата, толку покрцкаво ќе биде меленото месо. Супата од мелено месо, сирење и праз можете лесно да ја замрзнете.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот