Рецепт за домашна чорба со компири, грашок и пченка

Фото: Rawpixe

Обезбедете му ги на вашиот организам потребните витамини и минерали, денеска подгответе домашна чорба од компири и пченка. Во рецептот за домашна супа се додаваат компири и пченка, па можете да ја јадете и како самостојно јадење во секое време од денот. Супата е закрепнувачка и може да помогне во зајакнувањето на вашиот имунитет во текот на преодниот период.

Состојки:

– 3 лажици масло
– 1 кромид
– 3 моркови
– 2 стебленца целер
– 6 чешниња лук
– 800 г сечкани домати
– 3/4 лажичка бибер
– 1 лажица мајчина душица
– 1 коцка за пилешка супа
– 1,5 л топла вода
– 450 г компири
– 260 г боранија
– 1,5 шолји пченка
– 2 ловорови листови
– 1,5 лажички сол
– 1,5 шолја грашок
– 1/4 шолја сечкан магдонос

Подготовка:

Кромидот и лукот, целерот и морковот исечкајте ги на кругови. Сипете масло во тенџерето, а потоа додајте го кромидот. Се динста околу 10 минути, па се додаваат морковот, целерот и лукот и убаво се меша. Гответе на тивок оган, а потоа додајте мајчина душица и магдонос. Гответе уште 10 минути, нежно мешајќи. Растворете ја коцката за пилешка супа во 1,5 л топла вода, а потоа додајте ја супата во тенџерето со зеленчукот.

Компирите измијте ги, излупете ги и исечкајте ги, па додајте ги заедно со боранијата. Додајте ги и пченката и ловоровите листови и добро измешајте. Посолете, па покријте и варете ја домашната супа додека зеленчукот не омекне. Кога ќе зоврие, додајте го грашокот и сечканиот магдонос, па варете ја домашната супа додека грашокот не биде готов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот