Разрешувањата на министрите Меџити и Алиу утре на собраниска седница

Собрание / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Собранието утре ќе расправа за разрешување на министрите за здравство Фатмир Меџити и за информатичко општество и администрација Азир Алиу, соопштија од Кабинетот на претседателот на Собранието.

-Материјалот од Влада е примен, службите го разгледуваат по што ќе биде доставен до сите пратеници. За предлогот за разрешување на министерот за здравство и на министерот за информатичко општество и администрација ќе се расправа на првата наредна седница на Собранието, односно утре, петок 9.02.2024, посочија од Кабинетот на претседателот на Собранието.

Џафери достави предлог до Собранието за разрешување на министрите Меџити и Алиу

Претходно, техничкиот премиер Талат Џафери достави допис до претседателот на Собранието, Јован Митрески во кој што предлага Собранието на првата наредна седница да ги разреши Фатмир Меџити, од функцијата министер за здравство и Азир Алиу, од функцијата министер за информатичко општество и администрација.

Како што соопштија од Влада, Џафери достави и допис со кој предлага Собранието да ги избере Илир Демири, за министер кој ќе раководи со Министерството за здравство и Наим Бајрами, за министер кој ќе раководи со Министерството за информатичко општество и администрација.

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, достави допис до претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во којшто, согласно член 94, став 2 од Уставот на Република Северна Македонија, предлага Собранието, на првата наредна седница, да ги разреши: Фатмир Меџити, од функцијата министер за здравство и Азир Алиу, од функцијата министер за информатичко општество и администрација. Премиерот Џафери достави и допис до собранискиот претседател, Митрески, согласно горенаведениот член од Уставот, Собранието на Република Северна Македонија да ги избере: Илир Демири, за министер кој ќе раководи со Министерството за здравство и Наим Бајрами, за министер кој ќе раководи со Министерството за информатичко општество и администрација – се вели во соопштението од Влада.

Предложените министри Демири и Бајрами се од редовите на Алијанса за Албанците, но од крилото на претседателот на Централното собрание Зијадин Села.

Алијанса „падна“, ама не и техничката влада!

Барањето за смена на Меџити и на Алиу следува откако тие го поддржаа претседателот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари, кој најави дека на избори ќе оди со албанската опозоција, додека крилото на АА предводено од Зијадин Села најави дека на изборите за пратеници на 8 мај АА треба да настапува самостојно.

Алијанса за Албанците се приклучи на промената, преостанатиот дел е ДУИ во неволја, објави на Фејсбук, Таравари.

Неговиот статус доаѓа пред состанокот во Куманово со делегатите на Централното собрание на партијата.

Џафери достави предлог до Собранието за разрешување на министрите Меџити и Алиу

Зијадин Села пак повика седница на Централното собрание за в сабота и најави дека ќе се бара одговорност од партискиот лидер кого го обвинува за кршење на статутот на партијата откако Таравари објави дека собира потписи за поддршка партијата на изборите да настапи во коалиција со албанската опозиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот