Разрешените поранешни претседатели на Врховен Суд-Неделкова и Вангеловски со меѓусебни обвинувања

Двајцата поранешни претседатели на Врховниот суд, Јово Вангеловски и Лидија Неделкова, и двајцата разрешени од страна на Судскиот совет, денеска се соочија во Кривичниот суд на судскиот процес којшто се води против Вангеловски за злоупотреба на службената положба и овластувања.

Вангеловски тврди дека бил во право што не ѝ исплатил додаток на плата на Неделкова, обвинувајќи ја и дека не заслужувала ниту плата поради неоправданото отсуство од работа и како аргумент плус го наведе тоа што една од причините за нејзиното разрешување, по негова претставка, беше тоа што не одела на работа

Неделкова пак најавува докзи дека баш тој период и бил исплатен додаток на плата.

Против Вангеловски се води судски процес оти на Неделкова не и исплатил надомест на плата од 500 евра. Вангеловски беше меѓу првите судии кои беа разрешени, а неодамна Судскиот совет ја разреши и Неделкова. Судирот меѓу двајцата судии со години се провлекува во јавноста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот