Разговор Мицотакис – Блинкен за поголема поддршка на Украина

Кирјакос Мицотакис/ Фото ЕPA-EFE/Al Drago / POOL

За координацијата на САД и Грција, како сојузници на НАТО, за да ѝ помогнат на Украина да се брани од Русија, телефонски разговарале грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Како што напиша грчкиот премиер на Твитер, освен за Украина, станало збор и за ситуацијата во Источниот Медитеран.

-Конструктивен телефонски разговор денеска со секретарот Блинкен. Разговаравме за нашата тесна координација како сојузници на НАТО за да ѝ помогнеме на Украина да се брани од Русија, како и за неодамнешните случувања во Источниот Медитеран, напиша Мицотакис на Твитер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот