Разбојници од Батинци ограбувале таксисти

Скопската полиција извести дека уапсила двајца малолетници од селото Батинци кои се осомничени за четири кривични дела „разбојништво“.

Првото кривично дело е извршено на 20 минатиот месец кога на Х.Е.(39) од Скопје на улицата „1“ во Батинци, во близина на угостителски објект, со закана му биле одзеле пари. Потоа во близина на месноста викана „Јурија“ и од З.Д.(53) од Скопје, таксист кој превезувал му зеле пари.

Третото кривично дело се случило четири дена подоцна. Исто така бил ограбен такси превозникот Д.К.(57), на кој во насилно му биле украдени пари, а бил и истепан. На 29 минатиот месец било извршено четвртото кривично дело кога исто така бил ограбен таксистот А.Т. (55) од Скопје од кој исто така украле пари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот