
Разбиена група што планирала терористички напад врз политичари во Белгија – Премиерот е можна цел
Тројца млади лица се уапсени вчера во Антверпен под обвинение за планирање „терористички напад инспириран од џихадизам“ насочен кон „политичари“ со употреба на дрон, објави Еуроњуз.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Според судските власти, целта бил белгискиот премиер Барт де Вевер.
Апсењата беа извршени како дел од истрагата за „обид за терористичко убиство и учество во акција на терористичка група“, објасни шефот на канцеларијата на федералниот обвинител, Ан Франсен, на прес-конференција во Брисел.
„Некои докази сугерираат дека нивната намера била да извршат терористички напад со џихадистичка инспирација против политичари. Исто така, постојат индикации дека нивната цел била да изградат дрон на кој ќе прикачат товар“, додаде таа.
Канцеларијата на обвинителот не даде дополнителни детали за „политичарите“ кои биле цел, но фламанските медиуми објавија дека премиерот бил целта. Според печатот, полицијата претресла куќа на неколку стотици метри од резиденцијата на Барт де Вевер во Антверпен.
За време на претресот на домот на еден осомничен, пронајдена е импровизирана експлозивна направа, која сè уште не била оперативна, како и ранец со метални топчиња. Во домот на вториот осомничен е пронајден 3Д печатач, „за кој се сомневаме дека би го користеле за производство на предмети што би им послужиле при извршување на нападот“, рече Франсен.
Осомничените се родени во 2001, 2002 и 2007 година. Двајцата дале изјави пред судската полиција и утре ќе бидат изведени пред истражител. Третиот е ослободен.