Расте продажбата на руска нафта поради санкциите кон Венецуела

Откако Вашингтон во јануари воведе санкции за венецуелските нафтени компании и доставките од Венецуеала сопреа целосно, па затоа испораката на руска нафта во САД бележи раст.

Од сибирската нафта од типот „Јуралс“ беа увезени 5 милиони барели во првите пет месеци од годинава во САД. Во споредба со цела 2018 година, во САД се увезени 7.5 милиони барели нафта од истиот тип, а пак година претходно увозот изнесувал само 1.58 милиони барели.

Зголемените доставки на нафта од Русија во САД се резултат на двојното намалување на производството на нафта во Венецуела. Државата лани во мај произвела 1.33 милиони барели нафта, а годинава во март само 744 илјади барели.

Намалувањето на производството на венецуеалска нафта е поврзано со санкциите неметнати од САД кон државната нафтена компанијај „ПДСВА” и нејзината американска филијала „Цитго Петролеум”. Услов за укинување на санкциите е заминување на актуелнот претседател Николас Мадуро и распишување нови избори.

По стапувањето во сила на санкциите извозот на „ПДСВА” се намалил за 40 отсто, а дотогаш САД беа најголемиот купувач на венецуелскиот минерален ресурс.

Доставките на нафта од Русија нагло се зголемија годинава во март. Според „Каракас Капитал Маркетс”, консултантса куќа од Венецуела со канцеларии во Њујорк, Мајами и Лондон, толку многу руска нафта во САД се продавала само во 2011 година.

„Иронично, но Русите имаат полза од колапсот во Венецуела: Во нивното снабдување со нафта САД заменија една непријателска и санкционирана земја со друга непријателска и санкционирана земја“, изјавија од „Каракас Капитал Маркетс”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот