Расте цената на традиционалните грчки јадења

Новоформираниот синдикат на производители на суфлаки од Атина објави дека цената на суфлакито би можела да се зголеми на три евра поради зголемената цена на свинското месо во светот.

Медиумите од нашиот јужен сосед пренесуваат дека по оваа изјава реагирале претставниците на ланците за брза храна и продавачите на суфлаки, традиционалното јадење за „носење“ кое го сакаат и туристите и локалното население во Грција, во обид да ја смират ситуацијата.

Многумина од продавачите велат дека очекувале да се апсорбираат дополнителите трошоци и цената на пита гиро и гирото да останат непроменети, додека другите беа повнимателни во изјавите и не ја исклучија можноста на терет на потрошувачите да биде префрлено зголемувањето од 0,1 евро (10 центи).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот