Расте цената на нафтата, пченката се стреми да го урне рекордот

Нафтениот пазар денеска и натаму расте. Цената на барелот нафта на лондонскиот пазар изнесува 113 долари, што е нов раст од околу 1 отсто, во однос на вчерашниот ден. Во пораст е и цената на барел нафта на американскиот пазар и изнесува 108 долари, што е раст од околу 1 отсто во однос на претходните денови. Пред само десет дена барел се продаваше по цена под 100 долари.

Пазарот на криптовалути од утрово е зелен. Вредноста на биткоинот е 40.714 долари, што е зголемување за околу 4 отсто во однос на вчера. Други криптовалути, исто така, забележаа раст, при што Terra забележа најголем раст од речиси 17 проценти.

Цената на пченицата од утрово е зголемена и изнесува 1.128 долари за тон, што е раст од речиси 3 отсто во однос на вчерашниот ден. Цената на пченката е 813 долари за тон, што е зголемување од околу 3 отсто.

Фјучерсите на пченката во Чикаго за првпат по речиси една деценија надминаа 8 долари за бушел, приближувајќи се на рекордно високо ниво. Ова е највисокото ниво од септември 2012 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот