И оваа година ќе има ваучери за домашен туризам, затоа што мерката од минатата година покажала дека има резултати, рече министерот за економија Крешник Бектеши.
– За ова намена во Буџетот се предвидени 15 милиони денари, а ваучери ќе добијат семејства со ниски приходи. Притоа, како ниски приходи се смета вкупниот месечен приход на семејството да не надмине 30.000 денари, нето. Износот што ќе се добие по апликант е 12.000 денари. Ваучерите ќе се даваат по принципот „прв дојден прв услужен“, рече Бектеши.
За промоција на туризмот обезбедени 500.000 евра од државата