За промоција на туризмот обезбедени 500.000 евра од државата
Околу 500.000 е годинешниов буџет за промоција на македонскиот туризам. Од вкупниот износ, најмногу пари се намененети за промоција на домашните капацитети на социјалните мрежи.
– Во сите четири сета мерки минатата година го подржавме туристичко-угостителскиот сектор. Ова година за негов развој преку програмата на Министерство за економија се наменети 31 милион денари, пари што ќе се искористат за промоција, при што за дигитален маркетинг преку социјални мрежи се наменети 11,5 милиони денари, за субвенции за опрема и алати за подобрување на активен туризам – 2,5 милиони денари, за селски домаќинства – 5 милиони денари, за промоција на еколошки зони – 1,5 милиони денари, како и кампања за безбедно патување – 1 милион денари – рече Бектеши.
Субвенции за домаќинствата за подобрување на енергетската ефикасност
За вградување на уред на плин, или метан, субвенции до 18.000 денари
Министерот Бектеши со очекување по 21 јануари: Работното време на угостителите да биде до 23 часот