Рашиди: Законот за државјанство ќе помине со европско знаме

Коалицијата Алијанса за Албанците (АА) и Алтернатива очекуваат нивниот предлог закон за држвјанствата да помине во Собрание по брза постапка и со европско знаменце.

-Тенденциите за блокада на законот за државјанство продолжуваат. За жал, оние кои го блокираат законот се повикуваат на една лоша пракса на долги дискусии. Тој закон треба да помине, има механизми и други алтернативи кои Собранието ги има на располагање за да се изгласа. Сме во процес на разгледување на опцијата законот да помине со европско знаме во брза постапка, и очекуваме владата како таков да и го предложи на Собранието набргу – изјави пратеникот на АА, Сурија Рашиди за “Слободен печат”.  

Партиски извори брифират дека за законот за државјанство клучните политички партии веќе се договориле истиот да се предложи од страна на владатата до Собранието со европско знаме, и каков таков се очекува набргу да се предложи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот