Рамбо Амадеус во свој стил откри дека е заразен со корона: „Само без возбудување и паника, Килотцарот е со челично здравје“


Српските медиуми во петокот се распишаа дека омилениот црногорски музичар е хоспитализиран бидејќи е заразен со коронавирус, но неговиот помал син, Петар Пушиќ ги демантираше тие тврдења. Сега на Фејсбук се огласи Рамбо кој потврди дека сепак е позитивен на коронавирус.

„Драги обожаватели, само без многу возбудувања и паника, вистина е дека Царот е позитивен на  коронавирус, но, не наседнувајте на драмски текстови во жолтиот печат, Килотицарот е со челично здравје и овој пат порачува – короната демнее, не бира, коси  немилосрдно и уважени колеги, но, колку трагедијата и опасноста се поголеми, моралот мора да е повисок“ – порача Рамбо  Амадеус.

Dragi fanovi, samo bez suvišnog uzbudjenja i panike, istina je da je i Car pozitivan na korona virus, medjutim ne…

Posted by Rambo Amadeus on Friday, February 19, 2021

„Во врска со тоа ветувам дека концертот, поради овие неопходни одложувања, ќе биде уште поинтересен и возбудлив, со должен пиетет кон сите кои ја загубија битката со короната. Музиката не е за мене ни за моите колеги зезанција, туку неопходен сегмент од животот“ – напиша тој и истакна дека најдобар  начин да го поддржат е ако носат маска и држат дистанца.

„И пријавете се за вакцинација, но бога ми и навреме купете билет за концертот, бидејќи тоа најдобро ќе ми го подигне имунитетот. Тоа е поддршка, а сè друго се празни зборови. „Show must Go On“ песната нè одржа и ѝ благодариме“ – заклучи тој во свој стил. Истовремено искористи прилика да потсети дена на 10 април во Белград ќе биде неговиот концерт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот