Рама е во посета на Велика Британија, ќе разговара за отворање на елитна фудбалска академија на Манчестер Сити во Драч

Еди Рама/ Фото EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Албанскиот премиер Еди Рама денеска ќе замине во посета на Велика Британија.

Според медиумите, посетата ќе биде фокусирана на спортот и потпишувањето на договорот со кој се предвидува изградба на една од најелитните спортски академии во Албанија, што Рама го најави пред неколку дена во Драч.

Албанскиот премиер тогаш изјави дека „се работи на договор да се донесе во Драч една од најелитните фудбалски академии на еден од најважните тимови во целиот свет”.

Според албанските медиуми, станува збор за спортска академија на Манчестер Сити.

Во таа насока, се очекува албанската делегација за време на нивната посета да оствари средба и со претставници на фудбалскиот клуб Манчестер Сити.

Албанскиот премиер во Велика Британија ќе биде придружуван од министерката за образование, млади и спорт на Албанија Евис Куши, како и од градоначалничката на општина Драч, Емирјана Сако.

Спортските терени кои ќе бидат дадени на располагање на Академијата за фудбал се во близина на Универзитетот „Александар Моисиу” во Драч

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот