Рама: „Признавањето на Косово е последното поглавје од распаѓањето на Југославија“

Еди Рама
Еди Рама / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Премиерот на Албанија, Еди Рама, оцени дека признавањето на Косово како суверена држава независна од Србија е последното поглавје во болната историја на распадот на Југославија.  

Во интервју за шпанската телевизија РТЕ, тој рече дека во „мировниот процес“ се очекува понекогаш да има тензија, како што беше случајот на премините кај Јариње.  

„Тензиите се дел од тој процес. Не можеме да очекуваме мировниот процес да се одвива без проблеми и без тензии. Добрата вест овде е дека тензиите се појавуваат и исчезнуваат, бидејќи двете страни се уште комуницираат и се обидуваат да ги најдат потребните решенија за луѓето” рече Рама и додаде дека веќе не е како во минатото. 

Тој изјави дека има голема разлика, бидејќи има регионална соработка, со бројни средби, патувања, самити од секаков вид, рече Рама, пренесува Коха.  

„Секако, Косово е последниот проблем, сe уште отворен и нерешен по распадот на Југославија, и без сомнение признавањето на Косово како суверена држава независна од Србија е последното поглавје во болната историја на распадот на Југославија“, рече Рама. 

Тој оцени дека фактот што Шпанија не ја призна независноста на Косово има врска со нејзините внатрешни проблеми, а не затоа што има проблеми со Албанците или со самото Косово. 

„Ние многу добро знаеме дека позицијата на Шпанија нема никаква врска со каков било проблем поврзан со Албанците или со самото Косово, туку има врска со историјата и нејзините внатрешни проблеми. Тука треба да бидеме многу јасни, бидејќи не постои можна споредба помеѓу внатрешните проблеми на Шпанија, поврзани со независни или сепаратистички движења и одвојувањето на Косово од Србија“, смета Рама. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот