Ракометарот на РК Алкалоид, Марко Митев во избор за играч на колото во Лигата на Европа

Фото: РК Алкалоид

Македонскиот претставник во ракометната Лига на Европа, РК Алкалоид го забележа и третиот пораз во четвртото коло откако во Данска беше поразен од Бјерингбо-Силкеборг со 35:31.

Но, во поразот на Алкалоид се истакна младиот бек на македонскиот претставник. Марко Митев натпреварот го заврши со одлични девет гола од исто толку обиди.

Така сосема заслужено го доби местото кандидат за играч на колото. Покрај Митев во конкуренција за ова признание се и екс-голманот на Вардар, а сегашен на Фуксе Берлин, Дејан Милосављев, Лука Мославац од Нексе и Натат Суарез од португалски Спортинг Лисабон.

Фото: ЕХФ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот