Ракометарките од третиот шешир ќе ги чекаат противниците за Европското првенство

Фото: РФМ

По комплетирањето на сите учесници изминатиот викенд, ЕХФ ги одреди позициите на репрезентациите за ждребот кој ќе се одржи на 18-ти април во Виена.

Македонија се избори за учество на Европското првенство кое од 28-ми ноември до 15-ти декември ќе се играа во Австрија, Унгарија и Швајцарија.

На првенството ќе има шест групи со по четири селекции. Македонија противниците ќе ги чека од третиот шешир каде што се уште репрезентациите на Словенија, Хрватска, Полска, Србија и Исланд. Тоа значи дека не можеме да бидеме во иста група со некоја од овие селекции.

Првенството ќе се игра во четири градови, првата е во Дебрецин, Базел и Инсбург, додека главната во Дебрецин и Виена каде што ќе се игра и финалето.

Македонија по втор пат ја совлада Литванија и го слави пласманот на Европското првенство

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот