Ракетен напад од Либан врз северниот дел на Израел, еден мртов

Либан/ Фото Elisa Gestri / ddp USA / Profimedia

Едно лице загина, а седум се ранети во ракетен напад што денеска беше извршен од правец на Либан врз северен Израел, за кој постои сомнеж дека го извршиле милитанти на Хезболах, соопшти израелската здравствена служба Маген Давид Адом (МДА).

Израелската армија соопшти дека милитанти на либанскиот Хезболах денеска истрелале ракети врз базата на седиштето на Северната команда во Сафед, пишува Тајмс оф Израел.

„Идентификувани се бројни лансирања од Либан во областа Нетуа, Манара и базата на израелската армија во северен Израел“, се вели во соопштението.

Израелската војска соопшти дека возвратила на нападот и ги гаѓала местата за лансирање.

Генералниот директор на службата МДА, Ели Бин, изјави дека едно лице загинало во ракетен напад од Либан. Тој прецизира дека при претрес на зградите кои биле погодени од ракетен оган било откриено тело на жена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот