Ракетен фрлач од конфликтот во 2001 година пронајден во викендица во Куманово

Куманово / фото Архива

Ракетен фрлач кој најверојатно потекнува од конфликтот во 2001 година бил пронајден во викендица во Кумановско, информира МВР.

Според информациите на МВР, вчера А.Е. од Куманово пријавил во полиција дека во неговата викендица која се наоѓала на место викано „Менкова Колиба“ забележал експлозивна направа.

Од страна на полициски службеници од СВР-Куманово и пиротехничар било излезено на местото, при што било констатирано дека се работи за рачен ракетен фрлач најверојатно од 2001 година и истиот бил безбедно подигнат за понатамошна постапка.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот