Раде Шербеџија: Не научив да одмарам, никогаш нема да се пензионирам

раде шербеџија
Раде Шербеџија / Фото: Принтскрин/Фејсбук

Актерот и музичар Раде Шербеџија откри како најмногу сака да го поминува слободното време, што е за него одмор, кога наоѓа време за себеси…

Шербеџија има изградено завидна светска кариера и на прашањето што смета за негов најголем успех, тој одговори дека има многу прекрасни пријатели, ја има најубавата жена на светот и паметни, убави и здрави деца. „Имам и пет внуци со кои секојдневно заговарам против домашните авторитети. Односно против Ленка, Данило и Луција. Јас сум навистина богат човек. Благодарен сум на Бога или на природата за овие дарови“, изјави тој за „Азра“.

Раде вели дека е еден од оние актери кои се „некако особено среќни во својата професија“.

„Веќе подолго време не сум имал редовни претстави во театрите. Тоа значи дека имам многу време за себе и луѓето со кои го живеам животот. Јас сум семеен човек и се грижам за моето семејство. Понекогаш дури и им здодевам со моето прекумерно внимание. Како што реков, имам многу пријатели. Поминувам време со нив на тениски терени или во кафани. И не научив да одмарам. Веројатно затоа никогаш нема да се пензионирам. Одамна решив да го живеам животот до последниот здив“, рече тој.

Тој се присети на почетокот на својата кариера и откри дали има некој совет што го добил, а кој денес би можел да им го пренесе на помладите генерации.

„Како што не сакав да примам совети, така и не сакам да делам совети. Тоа не значи дека не сакав да учам од постарите и попаметните. Но, се очи и од помладите. На пример, од моите студенти учам како да бидам подобар во театарот и филмот. Го слушам ритамот на нивното срце и вкусовите на времето во кое живееме. Учам од Дамир Урбан како лесно да се совлади времето и просторот… Повеќе, всушност, се учи од самиот живот. И многу често човек повеќе учи од падовите отколку од победите“, истакна тој.

Шербеџија изјави дека не се сеќава на неговите успеси и дека ги заборава своите неуспеси, не собира своите слики и не ги врамува и реди своите награди во домашните плакари. Не ги гледа неговите филмови и не ги слуша неговите песни, но се сеќава на луѓе кои поминале низ неговиот живот и на некој начин го збогатиле, а како што вели, ги има многу.

На прашањето со кого му било најтешко и со кого најлесно се работи од холивудските ѕвезди и зошто, тој не сакал да зборува за тоа.

„Уметничкиот живот, особено во театарот и филмот, со себе носи непријатни сцени. Се обидувам да ги избришам од меморијата. Покрај тоа, секој што е повреден во некоја заедничка работа, како што е работата на филм или претстава, има своја приказна и своја вистина. На крајот на краиштата, вистината никогаш не е една и единствена. Таа има најмалку две лица. А со кого најлесно се работи? Најдобро глумев во театар со Инга Апелт, Миодраг Кривокапиќ и Ивица Видовиќ. И денес уживам да играм со мојата партнерка Катарина Дарваш Бистровиќ, а на филм уживав да летам со Соња Савиќ и Милена Дравиќ“, изјави Раде Шербеџија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот