Работодавци поради работа на „црно“ казнети со 450.000 евра

Евра/ Архива на СП

Црногорските инспектори од почетокот на годината имаат откриени 826 незаконски вработени лица, односно без договор за работа и пријавување на задоложителното социјално осигурување.

Како што покажуваат податоците на државните институции, работници кои биле ангажирани на „црно“ се затекнати кај 790 работодавци, а инспекторите поради кршење на законот имаат изречено парични казни во износ од 450.900 евра и иницирале две прекршочни постапки.

– Трудовиот инспекторат во извештајниот период затекнал 826 лица кои работеле на „црно, од кои 286 црногорски државјани и 540 странци. По мерките кои ги превземал Трудовиот инспекторат, во законски работен однос се вклучени 207 лица, од кои 156 црногорски државјани и 51 странец. Дел од странските државјани не можело да бидат законски вработени, поради тоа се превземени мерки за отпишување на нивниот престој во Црна Гора. Исто така, одреден дел од црногорските државјани не се воведени во работен однос, затоа што дале изјава дека повеќе нема да работат кај тој работодавач – наведено е во извештајот во врска со активностите за сузбивање на сивата економија.

Инспекторите во првите шест месеци од оваа година кај 83 субјекти утврдиле неправилности кои се однесувале на заработката (нерегуларности при исплатата на плати, нередовно исплатени плати, неисплаќање на зголемена заработка врз основ на прекувремено, ноќно и празнично работење).

Констатирано е дека мора да се работи на зголемување на бројот на трудови инспектори со цел поефикасно сузбивање на сивата економија, односно опфаќање на поголем број работодавци и идентификација на лицата кои се ангажирани да работат на „црно“, како и континуирано спроведување на едукација на инспекторите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот