Работник на ЕВН паднал од електричен столб, со тешки повреди пренесен е во болница

Работник во ЕВН / Фото: Архива

Работник на ЕВН „Кец“ Охрид е тешко повреден откако паднал од електричен столб, информира МВР.

-На 10.07.2020 во 11.00 часот во СВР Охрид, Џ.Д.(54) од Охрид, вработен во ЕВН „Кец“ Охрид, пријавил дека во нас.Рача, Б.М.(44) од Охрид, при изведување работни активности, паднал од електричен столб- наведува МВР во дневниот билтен.

Тој бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ Охрид, за укажување на лекарска помош, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот