Работнички со голем триумф над Шкендија во Првата лига

работнички
фото: facebook/ФК Работнички

Работнички оствари победа над Шкендија, совладувајќи го актуелниот шампион со 2:1 на Арената „Тодор Проески“ во Скопје. Тоа е втора победа во низа за „романтичарите“ и седмо место на табелата по вториот круг од натпреварувањето.

Марио Станковски и Анес Рушевиќ беа стрелци на головите за Работнички на овој натпревар, а Аденис Шала реализираше за Шкендија.

Тимот на Борче Христов одигра одличен натпревар против шампионот и по пауза од пет години ја совлада Шкендија во Скопје. Офанзивен пристап, агресивност во средниот ред и цврста одбрана, беше рецептот за победа.

Тетовските „црвено-црни“ се на третата позиција со 42 бодови, еден помалку од второпласираниот состав на Академија Пандев кој славеше со 5:0 против Борец.

За „пандевци“ по еднаш во листата на стрелците се запишаа Манев, Усман, Горгиев, Хаџановиќ и Велиновски.

Прва лига, 22. коло

Среда, резултати –

Академија Пандев – Борец 5:0
Брегалница Штип – Пелистер 2:1
Работнички – Шкендија 2:1
Ренова – Шкупи 0:0
Струга Трим Лум – Македонија ЃП 1:3

Табела: Шкупи 52 бодови, Академија Пандев 42, Шкендија 41, Македонија ЃП 39, Брегалница Штип 33, Ренова 32, Работнички 31, Струга Трим Лум 30, Тиквеш 21, Скопје 21, Борец 13, Пелистер 6.

ФФМ денеска го објави распоредот за третиот круг од Првата лига. Истиот можете да го погледнете ТУКА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот