Работнички против МЗТ Скопје Аеродром во 163 „вечно“ дерби

фото: kfsm.mk

Денеска од 18.00 часот во СРЦ „Кале“ ќе се игра градското дерби помеѓу најтрофејните во македонската кошарка, Работнички и МЗТ Скопје Аеродром, во четвртото коло од Првата лига.

Играчите на Работнички во обид да стават крај на серијата на порази од вечниот ривал, кој ги доби сите дуели во ланскиот шампионат (два во регуларниот дел и два во плеј-офот) во кој и ја одбранија титулата.

И што е посбно важно за оној дел кој се нарекува традиција, уште повеќе го намалија вкупниот скор во меѓусебните дуели. Пред овој, 163-ти по ред, првенствен дуел, Работнички води со 91:71.

Интересно, овој меч и двете екипи го дочекуваат во не баш идеално расположение, особено ако се земе в предвид дека во минатото коло ги запишаа и првите порази во новата сезона. Работнички загуби на гостувањето во Чаир, а МЗТ Скопје на она во Битола, каде подобар од нив беше Пелистер.

Но, извесно, и во некомплетни ростери, ако се знае дека домаќините не можат да сметаат на услугите на повредениот Ѓорѓе Џелетовиќ (прогнозите се дека ќе паузира повеќе од еден месец), додека пак гостите под сериозен знак на прашалник е настапот на Бојан Крстевски. Репрезентативното крило заработи дисторзија на скочниот зглоб на дуелот со Пелистер, и е крајно неизвесно кога ќе се врати на теренот.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

ДВОЈКИ 4. КОЛО

21 ОКТОМВРИ (САБОТА)

12.30: ТФТ Моцарт – Академија ФМП
18.00: Работнички – МЗТ Скопје Аеродром
18.00: Еуро Никел 2005 – Пелистер
19.00: Чаир 2030 – Вардар
20.00: Феникс 2010 – Кожув

22 ОКТОМВРИ (НЕДЕЛА)

18.30: Охрид – Гостивар

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот