Работната група за уставни измени ќе одржи седница во Влада

Фото: Министерство за правда

Работната група за подготвување на предлог-иницијативата за потребата од измени на Уставот денеска во 14:30 часот ќе одржи седница во Владата.

Претходната седница се одржа завчера, а се дискутираше за деловникот, методологијата и начинот на работа. Како што изјави тогаш претседателката на работната група Маргарита Цаца Николовска, изготвувањето на деловникот за работа и денеска треба да биде на дневен ред.

-Најважно е што целата наша активност ја сведуваме на она што значи предлог за поведување на оваа работа. Утре, задутре и решенијата веројатно ќе имате можност да ги видите, а и претходните документи и заклучоци на Влада, заклучоци и одлуки на Собранието врзано за се она што претходно се укажуваше од ЕУ, за се што на одреден начин упатува на потреба од измени, рече Николовска во вторникот.

Претседателката на работната група истакна и дека рок не им е даден, но ќе се работи на иницијативата.

Работната група има 23 членови од кои десет се од редот на експертите, десет се предлози на политички партии и тројца се членови се од институции, Кабинет на претседател, МНР и СЕП.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот