Рабиеи: Иран го откри идентитетот на лицата вмешани во убиството на научникот Фахризаде

Иранските власти денеска соопштија дека го откриле идентитетот на лицата вмешани во убиството на водечкиот експерт за нуклеарна физика во земјата, Мохсин Фахризаде.

-Иранското Министерство за разузнавање ги откри идентитетите на лицата поврзани со минатонеделното убиство на Мохсин Фахризаде, изјави портпаролот на иранската Влада, Али Рабиеи, пренесе агенцијата Анадолија.

Тој за иранската државна телевизија изјави дека е во тек детална истрага за атентатот и дека Иран ќе преземе чекори во согласност со резултатите од оваа истрага.

Иранскиот министер за разузнавање Махмуд Алеви, пред три дена изјави дека Иран собрал одредени информации за атентатот, но не откри детали

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот