
ПВК „Орион“: Не можеме да почитуваме непостоечки субјект!
Препорачано
Целото известување на претседателот на ПВК „Орион“ – Скопје, Јане Карајованов.
На Вонредното Собрание кое се одржа на 24 април 2019 година, ние како клуб бевме дел од Иницијаторите и на кое по редовен и легален пат како што налага статутот на Федерацијата е променет тогашниот претседател Александар Маленко и на негово место е изгласан Александар Филипчев.
Не можејќи да се помири со фактот дека повеќе нема доверба од водечките клубови во Македонија, Александар Маленко се самопрогласува за претседател на непостоечка Федерација, и почнува да наштетува и да се одмаздува на клубовите кои го променија.
Тој во последните пет месеци прави штета на сета досегашна работа и резултати кои ние како клуб и нашите тренери ја градат со години наназад.
Како прво ускратена беше Македонија со потенцијален медал на Медитеранскиот КОМЕН Куп во Бургас каде нашата членка Миа Блажевска Еминова беше остранета од свеченото дефиле и беше доведено во прашање нејзиното учество на истиот со што веруваме дека една од причините за неосвојување на медал беше токму и тој момент.
За после тоа да дојде моментот со Светското првенство во Јужна Кореја, каде што исто така двајца наши пливачи Миа Крстевска и Филип Деркоски беа оставени да патуваат само, не отпатуваа со остатокот на репрезентацијата. Беа ускратени од подготовки и каде што и самиот Маленко беше назначен за тренер, делегат и водич на пат, назначен сам од себе, без никаква одлука на Управен одбор или Одбор за пливање. Чисто како информација според Законот за спорт на Македонија, водач на Национална селекција мора да биде лице со соодветно Високо образование или соодветен степен (посебен курс, висока школа, семинари и сертификати), а Александар Маленко нема ништо од тоа.
За потоа со почеток на сезоната на натпревари, испрати допис, до сите Балкански федерации, а воедно и до ФИНА и Лен, потенцирајќи да не дозволат на 10 клуба помеѓу кои е и ПВК Орион да настапуваат на натпревари кои се организираат под покровителство на истите.
Како објаснување во писмото за нашата суспензија, го има наведено и тоа дека немаме подмирено годишна котизација за членство во Федерацијата.
За тоа сакаме да дадеме едно објаснување:
– Ние како клуб ги имаме подмирувано сите побарувања кои произлегуваат од членство во Федерацијата и пред да дојде Маленко за претседател на истата (котизации, стартарини, чланарини, итн.)
-Во времето додека сеуште беше претседател и со почеток на оваа година, Пливачката федерација на Македонија достави фактура до нашиот клуб за чланарина/котизација со број 12/19 издадена на 14.02.2019 со ж-сметкна на Градскиот пливачки сојуз, а не на Пливачката федерација на Македонија. На наше барање да ни издадат фактура со ж-сметка на Федерацијата за истата да ја подмириме во периодот на неговото претседателување не добивме одговор.
– И како последно, ние според законите не можеме да општиме со непостоечки субјект Пливачка федерација на Северна Македонија за кој веруваме дека нема ниту жиросметка.
Исто така наверува дека не ги почитуваме одлуките на Управниот одбор и телата на Федерацијата и за тоа можеме да кажеме дека додека беше Претседател, нашиот клуб и тренерите ги почитуваа сите одлуки и барања на Одборите.
Ние како клуб не можеме да почитуваме непостоечки субјект, субкејт кој нема Управен одбор, субјект кој нема стручен одбор и субјект зад кој не стои ниту еден клуб.
За на крај, да се јавува кај организаторите на Меѓународниот пливачки митинг „Куп на Зрењанин“ и кај претседателот на Пливачката федерација на Србија да не дозволат настап на наши пливачи на митингот.
Така што секое понатамошно игнорирање на соодветните институции на овој проблем настанат од самоволието на еден самопрогласен граѓанин на Македонија може да доведе до откажување од спортот на голем број деца кои во ситуацијата се најмалку виновни“.