Пуштена во употреба новата Поликлиника Сарај, ќе опслужува 45 илјади жители

Фото: Влада на РСМ

Започна со работа новата Поликлиника Сарај, што ќе опслужува над 45 илјади жители. Инвестицијата е во вредност од 79 милиони денари, обезбедени од Министерство за здравство. Поликлиниката во Сарај ќе обезбедува здравствена заштита за граѓаните од над дваесетина населени места, меѓу кои Бојане, Матка, Копаница, Чајлане, Буковиќ, Кондово, Љубин, Радуша, Шишево, Горно и Долно Свиларе, Грчец, Крушопек, Ласкарци и други. Досега, пациентите од оваа општина ги користеа здравствените услуги во најблиската поликлиника Ѓорче Петров.

Фото: Министерство за здравство

Новата здравствена установа беше пуштен во употреба денеска во присуство на премиерот Димитар Ковачевски, вицепремиерот Артан Груби и министерот за здравство Фатмир Меџити.

Фото: Министерство за здравство

– Ова е заеднички успех со кој треба да се гордееме. Новата поликлиника ќе биде дел од Здравствен дом Скопје и со што ќе придонесе за уште поефикасна здравствена заштита на населението во делот на примарното здравство. Во неа ќе се обезбедуваат здравствени услуги за превентивна здравствена заштита, односно ќе функционираат вакцинални пуктови за деца од предучилишна и училишна возраст со превентивна детска стоматологија, рече Меџити.

Фото: Министерство за здравство

Покрај превентивните служби, во Поликлиниката ќе се обезбедува и специјалистичко–консултативна здравствена заштита. Опремени се биохемиска лабораторија, кабинет за рендген дијагностика, ОРЛ кабинет и кабинет за дерматовенерологија.

– За успешно функционирање на поликлиниката обезбеден е и стручен медицински кадар, за што во декември, минатата година беа реализирани 26 нови вработувања од разни профили, како што се доктори на медицина, медицински сестри, лаборанти и друг кадар наменети за Поликлиника Сарај. Максимално сме посветени кон зајакнување на јавното здравство преку подобрување на инфраструктурата, набавка на нова опрема, нови лекови и вложување во човечкиот капитал. Со истото темпо продолжуваме и во следниот период, нагласи Меџити.

Фото: Министерство за здравство

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот