Пукање во Лондон, повредени неколку луѓе, меѓу нив и седумгодишно девојче

Фото: ЕПА

Три жени и девојче се ранети денеска во централниот дел на Лондон, откако во нив било пукано од автомобил во движење, соопшти лондонската полиција.

Повредени се три жени на возраст од 54, 48 и 41 година. Инцидентот се случил во близина на црква каде се одржувал погреб. Британскиот јавен сервис, пак, наведе дека при пукањето повредено е и седумгодишно девојче.

Во соопштението на полицијата се наведува дека и девојче било пренесено во болница поради повреди „за кои се претпоставува дека ги добила во истиот инцидент“.

Очевидци велат дека било трауматично.

„Никој не знаеше дали се работи за бомба или за вооружен маж. Баравме места за криење. Сите само се забивме во аглите каде што можевме. Тргнавме по 10-тина минути“ изјави очевидецот.

Се трага по напаѓачите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот