Пукање во скопската населба Чаир е пријавено попладнево во Министерството за внатрешни работи.
Според пријавата засега се знае само дека се пукало пред продавница за автоделови и нема информации за повредени лица.
-На 20.11.2020 во 14.55 пријавено е пукање од огнено оружје на ул.„Цветан Димов“ пред продавница за автоделови. На местото на настанот се пронајдени чаури од огнено оружје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.