ПСЖ ја одреди цената за Мбапе доколку одбие да потпише нов договор!

Мбапе ја отвори душата во интервју за Радио Монте Карло/ фото: EPA-EFE/David Ramos

Килијан Мбапе во вторникот одигра еден фантастичен натпревар во гостинската победа на ПСЖ против Барселона (1:4) во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите.

Французинот успеа да реализира хет-трик против каталонскиот гигант, а париските „светци“ може да се каже се со една нога во следната фаза.

Уште од претходно се шпекулира дека Реал Мадрид има намера да го ангажира Мбапе и тоа сака да се случи по крајот на оваа сезона. Но, составот од Париз нема да попушти така лесно и целта им е нивниот играч да продолжи соработката, а важечкиот договор истекува на 30 јуни 2022 година.

Како што пишува „Ле Паризиен“ во францускиот клуб се свесни дека постои можност младиот напаѓач да одбие нов договор и да побара да ја напушти екипата.

Во тој случај, челниците на клубот одлучија да не го спречуваат заминувањето на Мбапе, но дека клубот кој сака да го донесе во своите редови мора да плати 200 милиони евра.

Како што веќе е кажано, „кралевите“ ќе се обидат да дојдат до неговиот потпис, но се поставува прашање дали има некој да плати толку многу пари за време на финансиска криза и пандемијата на ковид-19 која и натаму е актуелна, останува да видиме. Доколку Мбапе го одбие новиот договор, тогаш тоа е јасен знак дека тој сака да го напушти ПСЖ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот